На 07.08.2019 во 08,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило “Форд фиеста“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(25) од Куманово, излетало од коловозот.
Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.