„Мој ДДВ“ караванот денеска беше со граѓаните на Ресен. Информативниот пулт “Мој ДДВ” за мерката поврат на 15 отсто од пресметаниот ДДВ го посети градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски кој разговараше со ресенчани за бенефитите од МојДДВ.
“Мој ДДВ е одлична можност за сузбивање на сивата економија, но и начин граѓаните да добијат назад 15 проценти од пресметаниот ДДВ на нивната трансакциска сметка. Користењето на апликацијата е брзо и едноставно, а со барањето на фискалната сметка граѓаните најпрвин имаат личен бенефит преку повратокот на ДДВ, се намалува сивата економија, а со поголемата наплата на ДДВ се слеваат повеќе пари во Буџетот, кои понатаму можат да се инвестираат во проекти кои повторно ќе бидат во интерес во граѓаните на нашата држава. Заклучно со 28 јули, вкупно се скенирани околу 6 и пол милиони фискални сметки со што уште на самиот старт се потврдува успехот на овој проект”, рече Гошаревски.