Младо момче настрада во тешка сообраќајка на влезот во Крива Паланка

Младо момче е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер на обиколницата за влез во Крива Паланка, на местото викано „Кај Технички“.
Според неофицијални информации младиот мотоциклист завршил под автобус со бугарски регистарски таблици, а го извлекувале екипи на Противпожарната служба од Крива Паланка, по што е пренесен на лекување.
Повеќе информации за несреќата се очекуваат од МВР во текот на денот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e