Младо момче дивеело со својот „Опел“ низ Скопје,па се забил во моторцикл – има повредени

Во текот на вчерашниот ден околу 22,15 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на ул. “Горно Лисиче“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Опел Астра“ со скопски регистерски таблици управувано од Х.Ц.(19) од Скопје и моторцикл “Кавасаки 750Е“ со скопски регистерски таблици управуван од Б.Б.(43) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобил Б.Б. кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e