Младите социјалдемократи од Струмица реализираа голема Велигденска хуманитарна акција

Во пресрет на големиот празник Велигден локалниот клуб на СДММ Струмица предводен од претседателот Стојан Коциров, спроведе хуманитарна акција во којашто беа донирани јајца на социјално загрозени семејства од општините Струмица, Босилово и Ново Село.
7
Покрај овие семејства, јајца беа донирани и во Народната кујна и Затворот во Струмица и студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје.
„Хуманоста и солидарноста се главна одлика на младите социјалдемократи кои несебично ги споделуваат со луѓето на коишто им е потребна помош. Да се почитуваме и да си помагаме, затоа што си требаме едни на други, особено во ова време на пандемија од Ковид-19.“ – велат младите социјалдемократи од Струмица.
1
„На сите граѓани од христијанска вероисповед им ги честитаме Велигденските празници со желба за многу здравје и радост во нивните семејства.“, велат од Локалниот клуб на СДММ Струмица.
3 5 44

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e