Прекрасни вести од XVI Меѓународен музички натпреавар „CULTURE CARAVAN 2021“ – Ирска кој се одржа месецов, онлајн поради Ковид-пандемијата.
Во конкуренција од 26 земји младите музичари од Крива Паланка под менторство на професорката Лариса Жулина-Митовски имаа успешно претставување и освоени високи места.
Миа Тренчовска и Дарија Пешовска ја освоија првата награда на фестивалот во своите категории, додека Горјан Николовски, Сара Стојановска и Теодор Смиљков – третата награда. Леон Јанковски е добитик на Признание за учество.
„Навистина сум горда на постигнатите успеси и среќна за ова преубаво искуство! Се обидовме заедно со родителите да извлечеме максимум од нашите деца во ова време-невреме“, порача професорката Жулина -Митовски.
На натперварот во оваа пролетна сезона се претставија млади музичари од Естонија, Италија, Летонија, Литванија, Малта, Македонија, Полска, Словенија, Романија, Русија, Белорусија, Молдавија, Србија, Бугарија, Германија, Казахстан, Кувајт, Узбекистан, Јужна Африка , Велика Британија, САД, Португалија, Грција, Обединетите Арапски Емирати, Ирска, Азербејџан.