Млада кумановка тешко повредена откако со голф излета од пат

На 04.06.2021 околу 08.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локален пат за с.Табановце, кумановско, Е.Ј.(26) од с.Табановце, управувајќи патничко возило „фолксваген голф” со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од патот.
Во незгодата Е.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e