Битолчанка пријавила дека била истепана од љубовникот, но и неговото семејство вчера во Битола, но мотивите за инцидентот не ги навела, информираше МВР.
Според полицијата, станува збор за 27 годишна девојка. Таа вчера околу полноќ дошла во Полициска станица Битола.
Девојката пријавила дека околу 21:00 часот во Битола по меѓусебно недоразбирање била физички нападната од Б.М.(со кого по нејзино кажување била во љубовна врска), неговата сопруга и неговиот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.