Млад возач вчеравечер влета во бетон, возачот и совозачот повредени

Дваесет и седумгодишно момче од Скопје со автомобил излетало од улицата што ги поврзува регионалниот пат Скопје-ХЕЦ „Козјак“ со ЈП „Дрисла“. Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера вечер околу 23 часот кога Е.З. (27) со автомобил „лада“ излетал од коловозот и удрил во одводна бетонска шахта за атмосферски води. Во автомобилот имало уште едно лице, кое заедно со возачот било пренесено во болница.

Бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e