На 26.02.2023 во 01.20 часот на Граничниот премин Деве Баир при извршена пасошка контрола на А.Б.(28) од Косово, кој бил со патничко моторно возило “бмв“ со косовски национални ознаки, констатирано било дека возачката дозвола била фалсификувана.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.378 од КЗ на РСМ тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
