Млад скопјанец уапсен на Бит Пазар

Момче уапсено на Бит Пазар во текот на вчерашниот ден, откако полицијата извршила претрес и кај него била пронајдена марихуана.

„На 30.09.2019 во 20.30 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го привеле А.Х.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана“ соопштуваат од МВР.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e