На 27.07.2021 околу 04.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат сeло Ржаничино- село Таор, автомобил „хонда”, управуван од И.Б.(32) од Скопје, излетал од патот.
Возачот починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.