Прилепската полиција го приведе 26-годишниот жител на прилепското село Селце со иницијали А.М. кој се сомничи дека по расправија во семејниот дом со остар предмет смртно го повредил татка си кој подоцна починал.
Како што информираат од СВР Битола, 26-годишникот синоќа околу 20 часот во семејниот дом во прилепското село Селце се расправал со својот татко, 52-годишниот М.М. и со остар предмет го повредил.
Подоцна таткото починал по здобиените повреди.
Полицијата извршила увид, а јавен обвинител наредил обдукција на телото на починатиот. Осомничениот, 26-годишниот син, два часа подоцна е приведен од улицата „Димо Наредникот” во Прилеп
Обвинителството работи на случајот и побара притвор до 30 дена за осомничениот.