Млад неготинчанец се обидел да прегази полицаец

На 25.06.2022 во 23.00 часот во Неготино од полициски службеници од Полициска станица Неготино е лишен од слобода И.С.(20) од Неготино, затоа што управувајќи патничко возило „голф“, со неготински регистарски ознаки, одбил да застане на даден знак за запирање и се обидел со возилото да удри полициски службеник кој извршувал службени дејства, стои во полицискиот билтен.

Од МВР додаваат дека до целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e