Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка, од редовите на СДСМ, Сашко Митовски денеска беше дел од граѓанска трибина во просториите на општина Крива Паланка.
-Задоволство ми е што на граѓанска дебата со останатите кандидати за градоначалници дискутиравме отворено, заедно со граѓаните за приоритетите одредени од нивна страна. Искрено жалам што кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ избега од дебата и директно соочување со граѓаните, рече Митовски.
-Непосредно и со објективност ги приложив конкретните решенија за потребите на граѓаните кои ќе бидат реализирани во мојот мандат. Во партнерство и консултација со граѓаните ќе ги решаваме сите проблеми, барања и потреби! – порача Митовски по трибината.