Kандидатот за градоначалник на Крива Паланка, од редовите на СДСМ, Сашко Митовски денеска посети дел од бизнис секторот во Крива Паланка кој е клучен фактор за создавање поголеми можности во општината.
-Тие се носители на економскиот развој, а во услови на пандемија најважно за надминување на кризата е поддршката, особено на локално ниво. СДСМ нуди водење стимулативна политика за инвестирање во градот во наредните 4 години, стимулативни даночни политики на локалните ретки занаети, изработка на стратегија за развој на МСП што ќе допринесе за менување на економскиот план на градот. Им посочив дека СДСМ го слуша гласот на граѓанинот, СДСМ ја има најдобрата понуда за нашата општина! – порача Митовски.