Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка, од редовите на СДСМ, Сашко Митовски присуствуваше на отворањето на промотивните штабови во населбите Бавчалк, Маневци и Белево.
„Драги мои сограѓани, пријатели, Ви благодарам за поддршката. Сите заеднички ќе ја направиме нашата Крива Паланка уште поубаво место за живеење“, истакна Митовски.
Претходно во Крива Паланка беа отворени промотивни штабови и во Осичка Маала, Конопница, Илинден и Скрљава.