На овој голем ден, Денот на ослободување на нашата општина, 8ми Октомври, се одбележуваат 77 години слободна Крива Паланка, истакна кандидатот за градоначалник на Крива Паланка, од редовите на СДСМ, Сашко Митовски.
„По тој повод положивме свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци од НОБ пред кои се поклонуваме со почит и благодарност за денешната слобода.
Заветот на хероите и борците го чуваме како аманет за зачувување и унапредување на она што ни оставиле.
Прославуваме и се обврзуваме за убава, модерна, просперитетна и економски развиена Општина Крива Паланка.
Нека е честит празникот 8ми Октомври, Денот на нашата Крива Паланка!“, посочи Митовски.
