Митовски и Николовски денеска на средби со кривопаланчани: Гласот на секој граѓанин е важен!

Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка, од редовите на СДСМ, Сашко Митовски, заедно со вицепремиерот Љупчо Николовски, кој потекнува од Крива Паланка, денеска беа на средби меѓу кривопаланчани.
-Денес е пазарен ден во Крива Паланка. Како сите Паланчани заедно со другарот, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, дел од кандидатите за советници, прошетавме низ чаршијата, низ дуќаните, директно слушајќи ги проблемите, пораките од нив, порача Митовски.
-Гласот на секој граѓанин е важен, од нив ќе произлезат сите идеи за да го направиме најдоброто за нашата општина, рече кандидатот за градоначалник на Крива Паланка, Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e