Вечерва на терен со екипите за ноќно перење на улиците e градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, во придружба на директорот на јавното комунално претпријатие Миле Марковски. Врвен приоритет, сега и во иднина, како што посочи градоначалникот е високото ниво на хигиена во Крива Паланка.

“Одржување чиста и убава Крива Паланка ќе биде препознатлив знак на моето работење и работењето на ЈП Комуналец. Секогаш во служба на граѓаните”, истакна Митовски.
