Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка, од редовите на СДСМ, Сашко Митовски оствари отворен и искрен разговор со жителите на селата Кркља и Длабочица.
„Нивните интереси ќе бидат мој приоритет, се грижиме за секој жител на нашата општина и никој нема да биде заборавен“, потенцираше Митовски.
Претходно Митовски присуствуваше и на отворањето на неколку промотивни штабови за претстојната кампања, а исто така оствари неколку средби со граѓаните на Крива Паланка.