Митовски: Ќе се обезбеди нов паркинг простор на една минута од центарот на Крива Паланка

Алтернативно решение за паркинг простор за потребите на градскиот пазар и хортикултурно уредување за урбан лик на кејот на Крива Река, најави градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.

Митовски соопшти дека општината и ЈП Комуналец работат интензивно во мајор коритото на реката на потегот од т.н. Шанин мост кон градскиот пазар, за уредување на кејот, хортикултурно разубавување и функционално приспособување за намалување на сообраќајниот метеж истовремено.

Исто така Митовски посочи дека ќе се обезбеди нов паркинг простор на една минута од центарот на градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e