Митовски: Ќе работам посветено за сите кривопаланечки семејства, за сите граѓани на Крива Паланка

Семејството е најстабилната институција на општеството, највредното богатство што го поседуваме, истакна кандидатот за градоначалник на Крива Паланка, од редовите на СДСМ, Сашко Митовски.

Митовски нагласи дека семејство е секогаш тука за нас, во тешки, важни и радосни моменти.

„Мојата сопруга, секогаш полна со разбирање и верба во мене, со многу љубов и посветеност. Мојата ќерка, моите два сина се највредните дарови од Бога за кои вреди да се создава, твори и да се работи макотрпно, за подобро утре.
Денес, на првиот ден од изборната кампања цврсто Ве уверувам дека ќе работам посветено за сите Кривопаланечки семејства, за сите граѓани на нашата Крива Паланка“, посочи Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e