Митовски ја донираше платата за ново детско игралиште во населбата Маневци

Градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски ја донираше платата од измината година за поставување урбано детско игралиште во населбата Маневци.
– Со искрена намера, без ронка личен интерес, со челична волја да ги промениме работите на подобро – стапив во служба на граѓаните. Не постои поголема чест од тоа во одреден период од животот да имаш можност со својата работа да им служиш на граѓаните. Први ноември 2022 година е датумот кога се наврушува точно една година од
преземањето на оваа функција, за мене обврзувачка: со посветеност,труд и најважно – со дела, да ја оправдам довербата од граѓаните. Транспарентно, отчетно и јавно работам 365 дена, за кои јавно се
одреков дека функцијата ќе ја извршувам без примање месечен надомест. Затоа, целокупната сума од мојата годишна плата е донирана за изградба на детско игралиште во населба Маневци и за најмладите жители на ул. „8 Октомври“,  рече Митовски.
Во најава е и објавување отчет за сработеното во првата година од неговиот мандат, во кој, како што рече, работи со срце за паланчани и продолжува да работи неуморно Крива Паланка да биде најдоброто место за живеење на сите генерации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e