МИТОВСКИ ГО СЛУША ГЛАСОТ НА ГРАЃАНИТЕ: Се отстрануваат сообраќајните заштитни столбчиња

-Во моментот се отстрануваат сообраќајните заштитни столбчиња од левата страна на улицата Св.Јоаким Осоговски. Ова е привремено решение се додека не се реши сообраќајниот метеж во градот , проблем кој што веќе работат стручните служби во општината, информираше градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.

-Во иднина се планира проширување на улицата Св.Јоаким Осоговски со лента за запирање и паркирање, како и на кракот на улицата Св.Јоаким Осоговски и изнаоѓање на локации за повеќе паркинг места за кои се изработува нов сообраќаен проект, додава тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e