Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски денеска заедно со претседателката на Советот на Општина Крива Паланка, Изабела Павловска, со честитки за првата рожба на младата мајка Марта, подароци од општината и желби за добро здравје, го посетија првото новороденче за 2023 година од општината.
Малиот Садо Демировски е прва рожба во семејство, а воедно е и првото бебе – жител на Крива Паланка за оваа година.
„Секое новороденче од Општина Крива Паланка добива еднократен надомест во висина од 3.000 денари и дополнителни 3.000 денари за купување количка за новороденче, еднократен надоместок воведен за првпат годинава.
Нашата грижа и посветеност е насочена кон сите категории граѓани“, истакна Митовски.