Секој ден нека почне со добра мисла и добро дело.
Пред официјалното превземање на функцијата градоначалник, денот го започнав со средба малиот Давид и неговата самохрана мајка, Душка, со експресна реакција по вчерашната објава за нивниот тежок живот.
Им пружив рака за помош и решавање на проблемот кој суровата судбина го вгнездила во нивните животи, ќе реагираме и дејствуваме веднаш со вклучување на сите надлежни институции.
Периодот што следува, ќе бидеме тука за помош и поддршка на сите граѓани.
Така ќе биде препознаена мојата работа.
ФБ статус на Сашко Митовски, новоизбран градначалник на Крива Паланка