Првиот човек на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска заедно со директорот на Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи и претставници од ОО Црвен Крст-Крива Паланка го одбележаа 3. декември – Интернационалниот ден на лицата со нетипичен развој.
Митовски денеска беше меѓу овие лица на кои им подари пакети со прехрамбени продукти, а меѓу другото разговаараа и за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат овие лица.
-Им го честитам денешниот ден 3-ти декември на вработените и на штитениците од Дневниот центар, и во име на општината им го врачив овогодинешниот подарок, кој беше во согласност со нивните барања и потребите кои ги имаат , порача Митовски.
Инаку, вчера тој одржа и практичен час по приготвување на плескавици на учениците во СОУ ,,Ѓорче Петров”- Крива Паланка во кабинетот за готвачи, а храната приготвена во училиштето е донирана на лицата со посебни потреби во Центарот за дневен престој.
Инаку лани, околу новогодишните празници, функционерите при Општинската организација на СДСМ – Крива Паланка заедно со генералниот секретар на партијата и вицепремиер Љупчо Николовски, донираа телевизор и новогодишни пакетчиња за штитениците на Дневниот центар за лица со посеби потреби во Крива Паланка.