Митовски додели плакета на светската јуниорска и апсолутна сениорска велнес шампионка, кривопаланчанката Мери Акиевска

Градоначалникот на општина Крива Паланка Сашко Митовски оствари средба со кривопаланчанката, светската јуниорска и апсолутна сениорска велнес шампионка, Мери Акиевска и нејзиниот тренер Бобан Ѓороски.

Ми претставува огромна чест и задоволство што токму денеска остварив средба со светската јуниорска и апсолутна сениорска велнес шампионка, Мери Акиевска нашата кривопаланчанка и нејзиниот тренер Бобан Ѓороски, истакна Митовски.

„На Светското првенство одржано во Санта Сузана (Шпанија) на кое учествуваа 102 држави од целиот свет и повеќе од 1500 натпреварувачи Мери Акиевска беше убедливо најдобра, победувајќи во својата категорија до 163 см висина во јуниорска и сениорска конкуренција.
Честитки за успехот Мери. Како наша сограѓанка во следниот период ние ќе бидеме твојата безрезервна подршка“, посочи Митовски.

Во знак на постигнатиот успех Митовски и додели плакета, и и посака успех во понатамошниот период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e