Митовски денеска беше домаќин на ученици и наставници од градот и од Словачка, Турција, Полска и Хрватска

Учениците и наставниците од пет основни училишта од Словачка, Турција, Полска, Хрватска, како и ученици и наставниците од ООУ„ Јоаким Крчовски” – Крива Паланка, кои се партнери во заедничкиот проект „Нови начини на учење” од Еразмус плус програмата, денеска беа во посета кај градоначалникот на Општина Крива Паланка,Сашко Митовски.
Градоначалникот Митовски на присутните им посака топло и срдечно добредојде и воедно ја претстави општината и разговараа за идните планови и активности во рамки на проектот.

-Вложувањето во младите и нивниот развој е клучен фактор за развој на општеството.Честитки до раководството на училиштето и професорите и ментори кои со ваквите проекти придонесуваат за развој на нови вештини кај младите. 2022 е прогласена за година на младите од страна на Европската комисија и ние сите сме должни да вложуваме во нивно подобро утре.Младите се нашата иднина, порача градоначалникот Митовски.
Носител на проектот е основното општинско училиште„Јоаким Крчовски” од Крива Паланка, а координатор е професорката по англиски јазик, Елена Митевска-Давидовска.
Учениците и нивните ментори, во следните пет дена се во Крива Паланка, како дел од мобилноста на овој проект од Еразмус плус програмата на Европската унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e