Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка, од редовите на СДСМ, Сашко Митовски со огромно задоволство и со голема почит, денес се сретна со дел од старите партиски другари.
„Чест ми е што учев и научив многу од нив. Тие се наш пример за истрајност и посветеност, а ние, помладите генерации ја надградуваме социјалдемократската идеја со нашата енергичност, креативност и трудољубивост.
Продолжуваме да го даваме најдоброто од себе за #Најдоброто за нашата општина“, истакна Митовски.