Митовски со честитка за почетокот на учебната година во Крива Паланка

Градоначалникот на општина Крива Паланка Сашко Митовски денеска упати честитка по повод почетокот на учебната година.

-Драги ученици, почитувани родители и наставници нека ви е среќен првиот училишен ден! Во името на Советот на Општина Крива Паланка и во свое лично име, Ви го честитам почетокот на новата учебна година и Ви посакувам плодна и успешна година, многу стекнати знаења, многу насмевки и секако многу здравје, порача тој од ООУ Илинден.
-На овој ден, нашите најмлади сограѓани го прават најважниот чекор во својот живот, справувајќи се со разни предизвици и моменти. Им посакувам лесно да ги совладуваат сите нови искуства и знаења. Учителската дејност е една од најблагородната и најплеменита професија. Вашиот успех е резултат на успехот што го постигнуваат ученичките и учениците во текот на образованието. Ви посакувам среќна и успешна училишна година, стои во честитката од градоначалникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e