Министерот за земјоделство, Трајан Димковски денеска присуствуваше на хуманитарниот настан „Праскијада 2019“, чијашто цел е да се обезбедат 20.000 оброци за социјално загрозените граѓани.
-Министерството за земјоделство секогаш ги поддржува ваквите настани со хуманитарна цел коишто го развиваат системот кој ја спасува добрата храна и наместо да се фрла, се пренасочува кон оние на кои им е најпотребна. Во таа насока веќе во завршна фаза е Законот за донирање на храна, кажа Димковски.
Овој настан е добра можност да се промовира што се може како финален производ да се направи не само од праските туку и од останатите овошја, за што бенефит ќе имаат и земјоделците.