Министерoт за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој потекнува од Крива Паланка, заедно со првиот човек на општината, Сашко Митовски, денеска Велигден го прославија меѓу народот на народниот собир во кривопаланечкото село Градец.
-Од овде од црквата Свети Никола во село Градец, посакувам секој нов ден и празник да нé учи да правиме се повеќе добри дела и да нé зближува. Нека ова воскресение Христово даде сила на секој од нас да го почитуваме животот, да имаме чисти мисли, да бидеме скромни и искрени, да помагаме, да шириме љубов, да сакаме и да се радуваме на успехот на секого, да држиме до зборот и да не се делиме од народот. Затоа денес е најубаво кога сме заедно со нашиот народ. За многу години! – порача Николовски.
Честитка по повод Велигден упати и Митовски.
-Заедно со народот и на овој светол ден, Велигден, во моето родно село, Градец.
Со добар збор и мисла, со желби за добрини и убавини, заедно со Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, наздравивме и со нашите кривопаланчани прославивме.За многу години Велигден! – рече градоначалникот на Крива Паланка.