Министерот Николовски и градоначалникот Митовски на манифестацијата „Невестинско поклонение“

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска присуствуваа на манифестацијата “Невестинско поколение” која секоја година традиционално се одржува на верскиот празник Свети Теодор Тирон.

-Традицијата е нешто свето и треба да се негува. Манифестацијата е возобновена врз основа на вековната традиција каде што младите невести меѓу двете тодорици заедно со своите свекрви облечени во традиционалните народни носии го изведувале поклонението пред црквата Теодор Тирон. Убавината на нашата земја е во прекрасните традиционални обичаи, културата и аманетите оставени од дамнина. Да ги негуваме и почитуваме, само така ќе живеат вечно, порача министерот Николовски.
Градоначалникот на Крива Паланка, Митовски, рече дека со радост и со добра мисла собрани денес во Конопница, ја проследиле манифестацијата.
-Манифестацијата ја оживува традицијата, ја бои историјата во колоритот на богатата Македонска фолклорна ризница, ги негува вредностите кои не одликуваат како народ, го промовира соживотот во самата семејна клетка – важна алка на социјалниот живот.
Покровител на манифестацијата е општина Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e