Министерот Димковски изврши увид во изградбата на системот за наводнување “Јужно-вардарска долина”

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов и раководителот на МЗШВ ПЕ Валандово, Васко Камчев беа во посета на неколку локации во општината, каде во моментов се изведува втората фаза од системот за наводнување “Јужно-вардарска долина”.
валандово брана3
Реализацијата на проектот е во рамки на договореното и истата се одвива непречено. Во тековната втора фаза од овој проект, предвидена е реконструкција, рехабилитација и изградба на систем за наводнување од околу 2.000 хектари во регионот на Удово, Јосифово и Пирава, решавање на проблемот со наводнување на замјоделските површини од овие населени места и овозможување подобри услови за равој на земјоделието во општина Валандово.
валандово брана32
По завршувањето на втората изведбена фаза од проектот, предвидена е имплементација на трета фаза. Третата фаза, ќе опфати изградба на систем за наводнување за земјоделското земјиште во атарот на Валандово, Раброво, Собри и Чалакли. Овој капитален проект за општина Валандово, се финансира со средствата на Владата на Сојузна Република Германија, преку развојната германска банка „KFW“, и со средства од Владата на нашата држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e