Милошоски од Ранковце: Се заокружува големо хумано име

Антонијо Милошоски на денешниот предизборен митинг во Ранковце истакна дека кандидат во Ранковце од ВМРО-ДПМНЕ е човек кој е докажан работник и хуманитарец, човек им помага на своите сограѓани, и кој го прави тоа што не е способна оваа власт да го направи и токму затоа уште првиот ден му испратија инспекција да врши притисок.
-Најдобар одговор е масовно излегување на гласање, во што поголем број затоа што овој пат во Ранковце не се заокружува само бројка туку име, големо хумано име на човек кој се покажал како работник, кој помагал на многу жители, а тоа името на Борче Спасовски идниот градоначалник на Ранковце, рече Милошоски.
– Пораката на жителите на Ранковце е доста е за поделби, време е за градоначалник кој ќе обединува, а тоа господинот Борче Спасовски кој може да обедини и да работи еднакво за сите и да направи подобро место за живеење, изјави Милошоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e