На 28.08.2021 година во 20.50 часот во СВР Куманово, од Полициската станица Драчево било пријавено дека биле пронајдени шест лица мигранти на железничка пруга во Драчево.
По извршениот разговор со нив било констатирано дека во близина на Железничката станица во Куманово биле физички нападнати од три лица, исто така, мигранти, при што на едно од лицата му нанеле убодна рана од остар предмет и му одзеле пари. СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.
На 29.08.2021 во 16.05 часот во село Чардаклија, штипско, полициски службеници од Полициската станица Штип пронашле девет мигранти од Замбија, кои по наредба на Јавен обвинител, биле спроведени до прифатниот центар ,,Винојуг” во Гевгелија за понатамошна постапка.
Во врска со настанот било приведено едно лице и се преземаат мерки за расчистување на случајот.