(ВИДЕО) Интензивирање на инвестициите и можностите за бизнис заедницата во Крива Паланка

Mинистеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и  претстваничката од Фондот за иновации и технолошки развој, Ирена Ѓорѓиевска денес остварија работна средба со градоначланикот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, на која беа претставени можностите за зајакнување на соработката помеѓу институциите, локалната власт и бвнис заедницата, за добар економски развој на општината кој ќе се базира на силни стопански капацитети.

Ова, според градоначалникот Мицевски, ќе се реализира и со помош на подобрување на пристапот на информации за сите достапни финансиски можности- фондови кои им стојат на располагање на фирмите, кои пак, ќе бидат подостапни со формирањето и на Општински сојуз на стопанственици на Крива Паланка.

1

-Во мојата предизборна програма беше предвидено формирање на општински сојуз на стопанственици, на чиешто основање интензивно работиме претходните неколку месеци. Во таа насока еден голем чекор напред е и денешното посета на општината и средбата со Mинистеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска со која на сите претставници на бизнис секторот им ги претставивме мерките и можностите за арзличните можности кои им с епружаат на малиет и средни компании, но и за поголемите фирми, а на мое задоволство тука беше и претставничката на Фондот за иновации и технолошки развој, Ирена Ѓорѓиевска која како организација нуди огромен потенцијал  финансиски средства као грантови, кои за Крива Паланка во моментот се неискористени, изјави Мицевски.

Градоначалникот Мицевски особено се осврна на потребата за приближување на информациите  за значењето и улогата на Фондот за иновации и технолошки развој, како една од институциите кои директно се поврзани со пристапот до финансиска поддршка за иновации и за технолошки развој и промовирање и поттикнување на иновациската дејност во Македонија.Во таа насока претставникот од Фондот за иновации и технолошки развој,Ирена Ѓорѓиевскаги даде првичните информации за доменот на работата на овој Фонд, а на средбата со локалната бизис заедница, која се подоцна се одржа, ги претстави и конретните активности и мерки кои се во фокусот на работењето на фондот.

3

На средбата беше кажано, дека во моментов е активен Јавен повик за финасирање на предлог проекти за финансиска поддршка на мали и средни претпријатија, кој е објавен на официјалната веб страна Фондот за иновации и технолошки развој.

Директен линк до Јавниот повик:   http://www.fitr.mk/stolb3/

Исто така во текот на денешниот ден, заинтересираните локални компании имаа можност конкретно да ја проследат презентацијата на владините мерки за финасиска поддршка на инвестиции и да се запознаат со можностите за користење на овие мерки, предусловите за аплицирање за финасиска помош, како и инструментите за поддшка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e