Метеоролозите најавуваат врнежи и грмежи – детална временска прогноза

Според најавите на УХМР попладнево се очекува облачноста се зголеми, а на крајниот запад да има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. На север краткотрајно ќе засилува северен ветер.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

До четврток ќе биде претежно стабилно и суво, освен во западните делови каде ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од петок ќе има зголемена облачност и повремен локален дожд, а дневните температури ќе бележат постепено опаѓање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e