На 02.12.2018 година околу 11:45 часот во село Двориште, беровско, З.Ц.(39) од село Двориште, додека управувал трактор „ИМТ 539“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал во провалија, превртувајќи се неколку пати.
Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Медицински центар Струмица, каде околу 13:30 часот починал.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Берово.
Се работи на расчистување на случајот.