Маж извршил самоубиство скокајќи од балкон во зграда во скопската населба Карпош4, дознава Press24 од очевидци. Нема информации кои се причините за самоубиството. Соседите велат дека бил семеен човек, татко на 2 деца.
Од ОЈО велат дека дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на лице место во Карпош, каде пред зграда беше пронајдено безживотно тело на 38-годишен маж.
Во насока на целосно расчистување на настанот и утврдување на причините за смртта, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредба за криминалистичко-техничка обработка на станот во кој престојувало лицето и на неговиот автомобил.
Истовремено, ќе биде обезбедена и целокупната медицинска документација за починатото лице.