За една недела голем број на граѓани на Виница се пожалиле на труење откако се хранеле во угостителски објекти, а петмина од нив биле задржани во болница.
Вкупно околу 50 лица од Виница се затруле од храна во различни угостителски објекти во градот.
Рекорд е постигнат во една сендвичара, која е затворена откако било пријавено дека 16 лица за затруле јадејќи сендвичи.
Имале симптоми на труење со храна по консумација на сендвичи од сендвичара во Виница на 21 септември годинава. Од нив, петмина се хоспитализирани на Инфективно одделение во Штип.
Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат го потврдуваат настанот за кој веднаш е излезено на терен. Изречена е забрана за вршење на дејност и поставена лента на седвичарата БАГА во Виница.