Манастирот „Свето Преображение“ – место каде Тоше го наоѓаше својот мир

Манастирска црква во крушевското село Селце, кое се наоѓа во близина на Крушево, во месноста Ручало била разрушена во XIX век, а крушевчани повторно почнале со изградбата на манастирот во 1986 година. Тоше уште од својата петгодишна возраст помагал за неговата изградба. Изградбата на манастирот беше негова голема желба и не пропушташе прилика да каже дека тука го наоѓа својот духовен мир.

тоше спомен

При самото пристигнување во манастирот, во воздухот се чувствува тој мир, се чувствува Тоше, неговата посветеност, неговата хуманост, човекољубие и истрајност. Во просторијата број 10 е сеќавањето за Тоше Проески. Тоа е неговата спомен соба. Опремена е со работи за него и од него. Во спомен-собата е и неговиот личен кревет на кој е растен.

спомен соба на тоше

Манастирот го посетуваат посетители од разни делови на светот и на тој начин Тоше продолжува да го гради манастирот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e