Малолетници менувале скретници во Прилеп, избегната железничка несреќа

На 23.02.2022 околу 19.30 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода тројца малолетници од Прилеп.

Тие се сомничат дека во периодот од 16.50 до 17.03 часот на Железничката станица во Прилеп ги промениле скретниците со кои се менува правецот на коловозната линија по која се движи возот и одзеле предмети кои се користат за сигнализација на возовите.

Од страна на вработен тоа било навремено забележано и вратено во првобитната положба за влез на возот кој се очекувал. За случајот бил запознаен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e