Малолетничка нападната со нож од три девојки, ја затвориле во стан

Три млади девојки противправно држеле малолетничка и физички ја нападнале, информираат од СВР Струмица.

Во текот на вчерашниот ден околу 18.00 часот во Струмица од полициски службеници од СВР Струмица приведени се 17 годишна малолетничка, С.Р.(18) и С.П.(20) од струмичко откако било пријавено дека на 02.09.2022 околу 20.00 часот во стан во Струмица ја киднапирале и физички и со употреба на остар предмет нападнале малолетничка од Струмица.

-По документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци, додаваат од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e