Малолетен велосипедист тешко повреден во сообраќајка

На 12 март 2020 во 15.20 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„9“ во с.Мирковци, товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(57) од Велес, удрило во велосипед управуван од 15-годишен малолетник од Скопје.

Во незгодата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e