Две лица повредени во сообраќајна несреќа во Скопје. Според информациите, несреќата се случила синоќа на крстосницата од ул.„Маџари“ со ул.„Палмиро Тољати“, кога мотор удрил во малолетничка од Скопје.
„На 18.07.2023 во 22.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Маџари“ со ул.„Палмиро Тољати“ во Скопје, мопед „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 17 – годишник од Скопје удрил во малолетничка од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, а со телесни повреди се здобила малолетничка констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и комплексот клиники „Мајка Тереза““ соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
