Максим Димитриевски прогласен за еден од најдобрите градоначалници според „Глобал Локал“

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски е прогласен за еден од најдобрите градоначалници според “Глобал Локал”. Наградата беше доделена во рамките на официјалната програма на Светскиот конгрес на претприемачи што се одржа во Скопје под покровителство на Владата на РСМ.

Проектот за промоција и наградување на најдобрите заедници и институции за креирање на добар амбиент за развој на претприемништво во Средна и Југоисточна Европа “Глобал Локал”, има за цел да ја подигне свеста за локалниот економски развој. Во оценката за тоа која општина ќе биде избрана се гледаа резултатите од успешно одржување на развојот на општината, развојот на претприемништвото, што е пак основа за развој на заедницата.

За “Глобал Локал” од исклучително значење е развојот на претприемништвото за севкупен економски и општествен развој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e