Македонската кошаркарска гордост Андреј Јакимовски на прием кај градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски

Андреј Јакимовски е младо, талентирано момче кое потекнува од Крива Паланка, а со кошарката и постигнатиот успехот што го извојуваше до сега ги направи горди не само кривопаланчани, туку целата држава.Неодамна тој оствари голем успех со своето учество на Европското првенство за кошаркари до 18 години, дивизија Б, тој беше дел од Јуниорска репрезентација на Македонија која го освои четвртото место на Европското првенство за кошаркари до 18 години во Романија.
На ова првенство, нашата кошаркарска гордост беше прогласен за најдобар стрелец со највисок просечен индекс и беше трет скокач, а воедно е дел од идеалната петорка на првенството.
Благодарение на ова Андреј заслужува многу награди и признанија. По повод неговиот успех тој денес имаше прием во кабинентот на граоначалникот на Крива Паланка, Борјано Мицевски,кој му ја врачи наградата симбол на градот во знак на благодарност.

ковер

Патот до успехот е долг, за да се изоди мора вредно и напорно да се работи како што правеше и самиот ти за сиве овие години вредно работејќи и вложувајќи се себе си, за да денес твојот труд носи позитивни резултати. Ти благодарам што гордо го претстави нашиот град, ти си наша гордост и ти посакувам врвни успеси и резултати во иднина-вака го започна разговорот Мицевски.
Тој воедно додели неколку совети на младиот кошаркар, бидејќи како бивш спортист има познавање,но исто така е и голем љубител на спортот.

1

-Со голема упорност може да се дојде до зацртаните цели, а ти си вистински показател за тоа.Успешен,талентиран, спортски дисциплиниран млад човек кој денес е идол на младите генерации, но и голема радост и гордост на родителите и на нашиот град- додаде Мицевски.
Кошакарската гордост Андреј Јакимовски срдечно се заблагодари на топлиот пречек и убавите зборови како и за врачениот симбол на градот Крива Паланка во знак на благоданост од страна на градоначалникот Борјанчо Мицевски. Ова е негова втора награда, имено Андреј веќе е добитник на “8 октомвриско” признние за врвните достигнувања во спортот кое општина Крива Паланка го доделува по повод денот на ослободување на градот.
-Задоволен сум од досегашните достигнувања, признаниео за дел од идеалната петорка на првенството многу ми значи .Знам дека ми претстои уште многу работа ,вложувања и на спортски и на едукативен план.Ќе продолжамнапорно да работам, надевајќи се на уште подобри резултати и достигнувања во спортот.Верувам дека и во иднина ќе се гордеете со мене-изјави младиот кошаркар.
Јакимовски потекнува од кошаркарската школа од КК “Крива Паланка”, каде ги направи првите чекори во кошарката.Од таму по седум годии усовршување заигра за КК “Феникс”, Скопје, од каде, пак, замина во Италија, во ПМС “Торино”,а од претстојната сезона 2019-2020 ќе настапува за КК “Торино”, Серија А кошаркарска лига на Италија.Андреј го заврши средното стручно образование во спортското училиште “Методија Митевски Брицо”, Скопје, а пред него се идните планови за доусовршување и едукација.

3

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e